Димитриевски: Се наоѓам во мојот најдобар период во Валенсија

Брани, го чува голот и ја носи Валенсија кон опстанок. Столе Димитриевски го живее својот најдобар период откако е во таборот на поранешниот шпански првак. Конечно, Валенсија сфати дека без Столе нема осптанок, а и тој е презадоволен од своите перформанси и од фактот што може да се истакне со одлични одбрани и да му носи бодови на тимот.

Во изјава за клупскиот сајт, Димитриевски вели дека ова е неогивот најдобар период откако е во таборот на Валенсија, и дека на секој натпревар и тренинг го дава максимумот, со цел да му помогне на тимот во остварување на целите.

„Секогаш се обидувам да го дадам најдоброто од себе на тренинг секој ден и сум многу задоволен од моите интервенции и од можноста да му помогнам на тимот. Работев многу за да бидам подобар, се чувствувам добро и го давам максимумот на секој тренинг и натпревар. Најважен е тимот и освојувањето на трите бода на секој натпревар. Се наоѓам во мојот најдобар период сум во Валенсија, но можам да дадам повеќе“, рече Димитриевски.

Се вчитува...