Манчестер јунајтед денеска осигура многу важен потпис, откако на долгогодишна вест кон „црвените ѓаволи“ се обврза Коби Маино, најголемиот талент што излезе од младинската школа во последните години.
Маино импресионираше по појавувањето на сениорската сцена, но статусот во тимот сериозно му се промени по доаѓањето на Аморим на клупата на „црвените ѓаволи“. Португалецот го гледаше Маино како директна конкуренција на позицијата на Бруно Фернандеш, поради што капитенот редовно беше прв избор, а тинејџерот речиси и да не добиваше шанса.
Ситуацијата отиде до таму Маино да размислува за трансфер за летово, но се се промени со отказот за Аморим и доаѓањето на Мајкл Керик. Новиот тренер го врати тинејџерот поназад во средниот ред, играјќи крај Кашемиро, со што му дададе дополнителна слобода на Бруно Фернандеш.
Редовните игри ги вратија и преговорите за нов договор, кои вродија со плод. Како се менуваат работите, Маино не така одамна беше на излезна врата од „Олд Трафорд“, а сега ќе потпише договор за неверојатни 650% повисока плата. Тој заработуваше 20.000 фунти неделно, а со новиот договор ќе има 130.000 фунти загарантирана плата, која може да порасне и до 150.000 фунти неделно ако се исполнат одредени клаузули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

