Сега и официјално: Хакими ги пропушта реваншот со Баерн

ПСЖ ќе биде сериозно ослабен за реванш дуелот од полуфиналето во Лигата на Шампионите против Баерн во Минхен, откако стана јасно дека Ашраф Хакими нема да може да им помогне на „светците“ на овој натпревар.

Мароканскиот дефанзивец се повреди во финишот од синоќешниот дуел во Париз, но остана на теренот бидејќи Луис Енрике веќе ги имаше извршено сите замени. Денешните детални лекарски прегледи го потврдија големиот проблем – Хакими има скинати мускулни влакна поради што го очекува пауза од фудбалските терени.

Тој ќе пропушти и неколку важни натпревари на својот тим во францускиот шампионат, а прашање е дали ќе биде „фит“ ако ПСЖ се пласира во големото финале од Лигата на Шампионите, закажано за 30 мај во Будимпешта.

Се вчитува...