Мохамед Салах се уште не се збогуваше со навивачите на Ливерпул, откако беше објавено дека повредата на големиот ас не е од сериозен карактер и тој ќе може да се врати на терените пред крајот на сезоната.
Салах самиот побара да биде заменет на мечот со Кристал Палас, по што се појавија информации дека ќе следи пауза од еден месец, што би значело дека тој ќе нема шанса за збогување со „црвените“.
Ливерпул попладнево преку клупско соопштение ги израдува своите навивачи, обелоденувајќи дека „фараонот“ дефинитивно ќе можеме да го видиме на терен во наредниот период.
„Нашата 11-ка беше заменета во второто полувреме од мечот со Кристал Палас. Беа извршени детални прегледи и утврдено е дека станува збор за минорна повреда на мускулот. Тој ќе паузира, но се очекува Салах да биде во тимот пред завршувањето на сезонава“, се вели во соопштението на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

