Дали знаете како големиот Ноле му помогнал на поранешен фудбалер на Интер

Стефано Сенси многу ветуваше во Интер, но повредите влијаеја да не биде на највисоко ниво.

Фудбалерот од средниот ред не успеа да се ослободи од своите проблеми, па по „нероаѕурите“ се пресели во Монца, а минатото лето, на изненадување на сите, заврши во Анортозис.

Кипарскиот клуб не е на истите височини како пред околу 15 години, но сепак е големо име, а Сенси многу брзо го покажа својот квалитет, постигнувајќи осум гола и шест асистенции на 25 натпревари досега.

Се чини дека неговите проблеми со повредите се зад него, а тој најде решение откако ја прочита книгата на Новак Ѓоковиќ, па затоа не би било изненадување ако го видиме во посилна лига од летото.

„Разговарав за мојата ситуација со некои пријатели и ги слушнав како ја споменуваат „Служи за победа“, книга во која Новак Ѓоковиќ објаснува колку страдал и како успеал да ги реши своите физички проблеми. Ја купив и, читајќи ја, се препознав во него и почнав да го имитирам. Јадев само храна без глутен и лактоза, избегнував шеќери. За кратко време се чувствував во форма и, навистина, повредите станаа многу поретки“, рече Сенси.

Се вчитува...