Реал Мадрид остана без Валтер Таварес

Центарот на Реал Мадрид Валтер Таварес нема да му биде на располагање на тренерот Серџо Скариоло во понатамошниот дел од плеј-оф серијата против Хапоел Тел Авив во Евролигата поради сериозна повреда на коленото на левата нога.

Репрезентативецот на Зелено’ртските Острови со години е еден од најдоминантните центри на Евролигата, а повредата од првиот меч против Израелците ќе го остави надвор од терените следниот период.

„По тестовите што ги изврши медицинската служба на Реал Мадрид врз нашиот играч Еди Таварес, му беше дијагностицирана повреда на медијалниот колатерален лигамент на левото колено. Неговото закрепнување ќе биде следено“, се вели во соопштението на Реал.

Се вчитува...