„Чековски играше како Леброн Џејмс…, срамно беше како не плукаа на ЕП 2011 по првиот пораз од Црна Гора, а ми викаа не читај фејсбук“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, гости двајца актери од македонската кошарка, од оние златни години на овој спорт кога дојдовме и до четвртото место во Европа, тогашниот директор на КФМ, Илија Мерџановски како и еден од најдобрите кошаркари во македонската историја, Тодор Гечевски.

Гечевски и Мерџановски, меѓу бројните теми на кои се осврнаа, се потсетија и на учеството на македонската репрезентација на Суперкупот во Улм кога Македонија одигра во неверојатна форма победувајќи ги силните Грција и Германија, како и селекцијата на БиХ. А, Ѓорѓи Чековски – Станко одигра три неверојатни меча…

„Мора да кажам, тогаш беше Алеш Пипан селектор и игравме Суперкуп во Улм против Босна, Грција и Германија. И сите три ги победивме, и тоа ги победивме – поштено. Но, ми се чини дека формата тогаш малку ја промашивме, на тој турнир пред Европско првенство бевме во неверојатна форма… Па, Станко Чековски не знаеше да промаши. Имаше просечни 30 поени. Мислиш дека го гледаш Леброн Џејмс“ – раскажуваат Мерџановски и Гечевски.

Но, и двајцата признаваат дека не ретко знаеле силно да се навредат и нанервираат кога, по некои порази, ги читале вулгарните навредувачки коментари по социјалните мрежи…. Проблем со кој и денес со соочуваат македонските спортисти…

„Искрено се нервирав и се нервирам кога ќе читам по социјалните мрежи. Некогаш кошаркарите ми викаа- абе не читај. И јас сум им викал не читај, но не можеш… Некој ќе прочита, па ќе ни каже. Некогаш е добро, и тие негативни коментари, проработува инаетот да годокажат спротивното, но многу честовлијае негативно на психата.Ние на првиот натпревар на ЕП 2011 во Литванија изгубивме од Црна Гора. И тоа во продолженија, со нелегалности, и одма почнаа да „плукаат по нас“. Ама почнавме да победуваме и атмосферата се менува“ – вели Мерџановски.

==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ТОДОР ГЕЧЕВСКИ И ИЛИЈА МЕРЏАНОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….
==================================================

Се вчитува...