Омерагиќ, Пандев и Јандреоски на ФИФА конгресот во Ванкувер

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ заедно со Горан Пандев и со генералниот секретар Леонид Јандреоски, учествуваа на 76. Конгрес на ФИФА во Ванкувер, Канада.

Омерагиќ, Пандев и Јандреоски учествуваа активно во носењето на одлуки кои директно влијаат врз иднината на светскиот фудбал.

„Во фокусот се финансиската стабилност и развојните политики, усвојување на извештаите за минатата година, дефинирање на буџетите за циклусот 2027-2030, како и клучни прашања за управувањето и интегритетот на фудбалот.

Нашето присуство значи активно учество во креирањето на иднината на фудбалот и зајакнување на соработката на меѓународно ниво“, напиша Омерагиќ на „Фејсбук“.

Се вчитува...