Одличен натпревар со 69 голови одиграа Веспрем и Фуксе Берлин во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, и битката за Ф4. На крајот победи Веспрем со 35-34, и тоа откако на два пати имаше негатива од пет голови. На крајот успеа да собере сили и дури да води и со два разлика, но пеналот на крајот ја намали разликата.
Фуксе Берлин во поголемиот тек од натпреварот го диктираше темпото, имаше предност, во првиот дел и со четири гола, а во вториот на два пати и со пет голови разлика (20-25 и 21-26). Но, како одминуваше времето, Веспрем ја топеше разликата, дојде до предност од еден гол, а во последната минута и до највисоки два негатива. Меѓутоа на крајот досуден пенал за Германците кој беше претворен во погодок, и така на реваншот Веспрем заминува само со плус еден.
Мартиновиќ и Деска кај победничкиот тим беа најефикасни со по осум голови. Кај гостите „царуваше“ Матијас Гидсел кој постигна неверојатни 13 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

