Пролет ја освои Струга, Е.Пелистер 2 лесно против Радовиш

Ракометарите на Пролет успаја да дојдат до победа на гостувањето во Струга. Гостите добро се „испотија“ да дојдат до победата, со оглед дека во некои моменти стружани стигнаа до еден гол негатива, но играчите на Пролет секогаш наоѓаа како да се извлечат и да ја зголема предноста за на крајот да стигнат до 27-29.

Најефиксен кај победничкиот тим беше Дрпљанин со девет гола од 11 шутеви, Стоилевски со пет беше втор стрелец, од кои четири ги постигна од пенал. Кај Струга Ненад Костоски постигна 10 голови.

Во вториот натпревар во кој победникот се знаеше однапред, Е.Пелистер 2 со 38-23 ја победи екипата на Радовиш на нејзин терен.

Само во првите секунди од мечот водеа домаќините, а потоа веднаш серија на гостите за 1-4, и водството само го зголемуваа на крајот.

Марковски и Белистојановски беа најдобри поединци кај победничкиот тим со по седум голови. Кај Радовиш се истакна Ончев кој постигна шест.

Се вчитува...