Одбојкарките на Работнички го совладаа тимот на Наковски Волеј во вториот натпревар од финалето во плеј-офот во одбојкарското првенство во женска конкуренција. Со тоа Работнички израмни во серијата на 1-1.
Ривалите за титулата одиграа уште еден одличен натпревар, со многу пресврти и возбудувања, одлични поени и можност за вистинско одбојкарско уживање наполните трибини во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје.
Третиот натпревар од серијата се игра во Струмица в понеделник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

