Лионел Меси е во составот на Барселона за утрешниот дуел од Лигата на шампионите против Интер и покрај скршеницата на раката од пред две седмици. Покрај неговото име на списокот стои забелешка дека „играчот патува без медицинска дозвола“. Сепак, во Интер со право стравуваат дека тој би можел да истрча на теренот на „Џузепе Меаца“.
Првичната проценка беше дека Аргентинецот ќе отсуствува три седмици по повредата на рамото добиена на дуелот против Севилја. Tој се врати на тренинзите на екипата минатата недела, но очекувањата беа дека нема да биде во составот на Барселона најмалку уште една седмица.
Тренерот Ернесто Валверде рече дека не го отпишува Меси за настап во вторник, но оти не сака да го забрзува неговото враќање. Аргентинецот го пропушти дербито со Реал Мадрид како и победата од 2-0 против Интер во првата пресметка на „Камп Ноу“.
Барселона ја предводи конкуренцијата Ц во Лигата на шампионите со максимални девет бода по половина од натпреварите во прелиминарниот сегмент. Интер е на второто место, со еден пораз досега, токму од шпанскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА