Кристијан Стојаноски е нов ракометар на Скопје

Македонскиот ракометен суперлигаш Скопје 2020 го промовираше Кристијан Стојаноски за свој нов ракометар.

Станува збор за млад 20-годишен пикер кој доаѓа од редовите на Варда. Во кариерата Стојаноски играше и за Голден Арт и Македонија Ѓорче Петров.

Скопје претходно го промовираше и новиот стратег Оливер Димитриоски, како и Шокоски, а се очекуваат уште нови имиња пред стартот на подготовките.

Се вчитува...