Реал Мадрид игра очајно на стартот на 2019 година, а шансите работите да тргнат на подобро значително се намалуваат по поблемите со повреди со кои се соочува Сантијаго Солари. А тие од ден на ден стануваат се поголеми, откако вечерва беше обелоденето дека стратегот на Реал извесно реме нема да може да смета на услугите на Тони Крос.
Германскиот плејмејкер мораше да биде заменет на вчерашниот натпревар со Реал Сосиедад, а денешните лекарски прегледи покажаа истегнување од втор степен на мускулот на левата нога. Клупските доктори препорачааа пауза од најмалку две седмици, што значи дека Крос ќе ги пропушти средбите од „Ла Лига“ против Севилја и Бетис, како и двомечот од Копа дел реј против Леганес.
Проблем повеќе за Солари е што младиот Љоренте, кој може да настапи на позицијата на Крос, исто така е повреден и најмалку уште петнаесет дена нема да може да му биде на располагање на тренерот на Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА