А, кој друг!? Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ е прогласен за МВП на Ф4 турнирот на Евролигата кој викендов се одржуваше во Белград!
По триумфот на Реал Мадрид во финалето против Фенербахче, сосема очекувано Дончиќ го понесе и признанието за најдобар кошаркар на Ф4 завршницата.
Дончиќ во финалниот меч против Фенербахче се издвои како најдобар поединец во својот тим со 15 постигнати поени, четири асистенции и три скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА