А кој друг? Мохамед Салах играч на месецот во ПЛ

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е избран за играч на месец октомври во Премиер лигата. Во изминатиот месец Египјанецот беше незапирлив.

На вкупно четири натпревари имаше учинок од пет гола и четири асистенции. Сигурно ќе ја памети одличната партија на дербито на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед, во која три пати ја затресе мрежата на Де Хеа и забележа асистенција.

 

 

 

Се вчитува...