А-репрезентацијата денеска со отворен тренинг за сите фанови: Дојдете да ги испратиме за Данска!

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 16 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во рамките на комплексот Куќа на фудбалот во скопски Аеродром ќе одржи отворен тренинг за сите фанови на националниот тим.

Македонија ќе одработи отворен тренинг за сите свои навивачи, поддржувачи и љубители на фудбалот пред утрешното заминување за Данска на баражот од плеј-офот за пласман на СП 2026.

„ТЦ „Петар Милошевски“ отворен за сите, дојдете да ги поздравиме нашите репрезентативци пред летот за Копенхаген и дуелот со Данска за пласман на СП 2026. Во 16 часот. Се гледаме“ – порачаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Репрезентативците утре од 15 часот со чартер лет од скопскиот аеродром заминуваат за Копенхаген каде во четврток (26 март) се игра полуфиналната бараж пресметка со Данците.

Се вчитува...