Најдобар спортист на Македонија за 2019 е капитенот на европскиот ракометен првак….Столеее…(се очекува од публиката да каже) – СТОИЛОВ. Но, на сцената се појави Столе… ПЕТРУШЕВСКИ. Тренерот во РК Вардар јуниор ја подигна наградата во името на капитенот на РК Вардар. Ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов, кој минатата година ја напушти манифестацијата поради „проблеми со јазикот на кој се говореше“, најверојатно од принцип не дојде на Изборот на спортист на годината во организација на Агенцијата за млади и спорт. Директорот Дарко Каевски наградата му ја предаде на Столе…Петрушевски.
За најдобра спортистка на Македонија е избрана каратистката Пулeксенија Јованоска. Таа освои петто место на ЕП во Гвадалахара во кати.
„Бев избрана за најдобра млада спортистка пред неколку години и ветив дека ќе работам уште понапорно. Сега ја добив главната награда и тоа ќе биде мотив за уште поголеми успеси. Чест ми е што сум дел од еден од најтрофејните спортови во нашата земја, каратето. Тоа немаше да се оствари без мојот тим, селекторот и поддршката од моите родители“, изјави Пулeксенија Јованоска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА