А, во Барселона, МОЛК: Атлетико Мадрид триумфално од „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со триумф од 0-2 се враќа од гостувањето кај Барселона на „Камп Ноу“ во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на шампионите, и е пред пласман меѓу најдобрите четири тима во Европа.

Атлетико доби предност уште во 44. минута откако Кубарси доби директен црвен картон, а Алаварез постигна прекрасен гол од слободен удар за предност на четата на Диего Симеоне.

И покрај црвениот картон, Барса имаше шанса во 53. минута преку Рашфорд од слободен удар, но Мусо одбрани.

Во 70. минута и втор гол во мрежата на Гарсија. Сорлот од волеј во шеснаесетникот успеа да го совлада домашниот голман, и да донесе нов молк на „Камп Ноу“, што беше конечен резултат на мечот.

Се вчитува...