АБА бараж: Борац е на чекор до опстанок во елитата, Хелиос „падна“ во Чачак

Борац Чачак е многу блиску до обезбедување на опстанок во АБА1 лигата откако српскиот тим попладнево славеше со убедливи 96-78 над Хелиос, во првиот меч од бараж-серијата што се игра до две добиени средби. Кошаркарите на Борац, кои во драматичен финиш на сезоната успеаја да завршат пред МЗТ Скопје и да се пласираат во овој бараж, за денеска целосно да доминираат на теренот во однос на гостите од Словенија и заслужено да стигнат до триумф.

Српскиот тим уште во првата четвртина стигна до првото двоцифрено водство (21-10), за во второто полувреме Борац да има и предност од огромни 22 поени (52-30). Хелиос до крајот на полувремето намали на 57-42, а потоа со одлична игра во третиот период Словенците стигнаа до 71-66 на нецела минута до крајот на четвртината. Борац се разбуди во вистински момент, постигна пет поени во низа до финишот на четвртината, а потоа во последните 10 минути домашните кошаркари повторно се одлепија и на крајот славеа со конечни „плус осумнаесет“.

Американците Болдвин и Хејл блеснаа на овој натпревар постигнувајќи по 25 поени за Борац Чачак, додека прв стрелец на Хелиос беше Остин Лук со 14 поени.

Вториот натпревар ќе се игра веќе в петок во Словенија, додека евентуалната мајсторка е закажана за 2 мај, повтоно во Чачак.

Се вчитува...