АБА без милост: Црвена Звезда без двајца клучни играчи ќе брка пресврт против Будуќност

АБА-лигата немаше милост кон клубовите и кошаркарите кои направија инциденти на првите полуфинални натпревари од плејофот што беа одиграни во понеделникот.

Црногорскиот првак Будуќност е казнет со 40.000 евра и играње на следниот домашен меч пред половина од капацитетот на салата, поради инцидентите што беа направени на првиот дуел со Црвена Звезда. „Црвено-белите“ исто така имаат сериозен проблем, откако Никола Калиниќ беше санкциониран со три меча неиграње поради фрлање на предмети кон трибините. Српскиот репрезентатативец ги загуби нервите поради слабата игра, но и фрлањето предмети од навивачите на Будуќност, фрли паричка назад кон нив, па сега ќе мора да паузира на три натпревари, санкција што претходно му беше изречена и на Милош Теодоосиќ поради неговото дивеење на дуелот со Игокеа.

Будуќност има предност од 1-0 и доколку на утрешниот реванш Црвена Звезда успее да израмни, казната на Црногорците ќе се однесува на мајсторката. Ако Будуќност славе утре во Белград, тогаш финалната серија ќе ја стартува пред половина сала.

Што се однесува до дуелот Партизан – Дубаи на кој домашниот тим стигна до убедлива победа, кошаркар на „црно-белите“ Ајзеа Мајк на крајот влезе во инцидент со судиите, за што беше санкциониран со суспензија од еден натпревар.

Се вчитува...