Се одиграа три натпревари во АБА лигата, во кои две победи остварија гостите, и една домаќините.
Само Мега Баскет триумфираше како домаќин и тоа над ФМП во финишот од средбата со 83-80. И покрај тоа што Мега влезе во последниот период со негатива од пет поени, сепак, успеа да ја анулира и да го добие мечот. Стојановиќ кај ФМБ беше најефикасен со 21 поен.
Новиот член на АБА Дубаи, ја освои Љубљана и триумфираше кај Олимпија со 84-92. Резултатот можеше да биде и повисок, ако во финишот беа посериозни гостинските играчи, затоа што се опуштија во миговите кога веќе ја обезбедија победата и „набилдаа“ голема разлика. Препелиќ со 23 поени кај Дубаи беше најефикасен.
Екипата на Суботица добро го намачи тимот на Партизан, кој дури во последниот период успеа да стигне до триумфот 80-89. Во последниот период се влезе со „егал“ 59-59, но момците на Жељко Обрадовиќ кон средината направија предност и доволна разлика за помирен финиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА