Финалната серија во АБА лигата остана во сенка на ретко видениот инцидент кој се случи во пресрет третиот натпревар пред кој физички се пресметаа кошаркарите на Црвена Звезда и Партизан, Стефан Лазаревиќ и Џејмс Нанели.
Дисциплинската комисија на регионалното првенство по деталната истрага денеска ги објави и казните кои ги добија двата кошаркари. Лазаревиќ и Нанели се казнети идентично со по 20 илјади евра и суспензија на три првенствени натпревари.
Казна доби и Партизан кој поради лоша организација за единствениот натпревар одигран на домашен терен ќе мора да плати 21.500 евра.
Disciplinary sanctions for Partizan Mozzart bet, Stefan Lazarević and James Nunnally.
🔗: https://t.co/vOLcfjZPpZ #ABALiga pic.twitter.com/A4rZNkjTav
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) June 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА