АБА лигата доби нова понуда од Абу Даби

Кошаркарскиот клуб од Обединетите Арапски Емирати ја засилил понудата за регионалното натпреварување. Јуниорите на Дубаи играа во јуниорското издание на АБА лигата и со тоа го отворија патот на сениорскиот тим кон Јадранската лига, а според новите информации за тоа се подготвени да потрошат многу пари.

Првичната понуда беше три милиони за двегодишен договор, но во меѓувреме е зголемена, а сега станува збор за 4,5 милиони долари, пари кои ќе бидат исплатени во период од три години. Клубот би платил по 1,5 милиони во сезоните 2024/25, 2025/26 и 2026/27, а понатаму би се користеле за покривање на патните трошоци во ОАЕ.

Дополнително, истиот извор наведува дека во засега потенцијалниот договор има клаузула со која Дубаи ќе го продолжи престојот во АБА лигата на пет сезони. Пред тоа клубовите мора едногласно да се договорат за прифаќање на тој клуб во регионалното натпреварување.

Се вчитува...