Регионалната АБА-лига го промовираше трофејот „Дејан Милојевиќ“ кој ќе биде доделуван во иднина на најкорисниот (МВП) играч на сезоната, а во чест на прерано починатиот поранешен српски кошаркар Дејан Милојевиќ кој неодамна почина по срцев удар.
АБА-лигата одлучи да му оддаде посебна почит на Милојевиќ со именување на признанието во негова чест, а сега и официјално го промовираше трофејот.
„Од оваа година признанието ќе го носи името на Дејан Милојевиќ, легендата на АБА лигата и една од најдобрите кошаркарски личности на овие простори. Трофејот треба да ја симболизира големата кариера на Милојевиќ и да има детали што се однесуваат на некој дел од патувањето кое го имаше во АБА лигата, како и неговите најголеми вредности и силни страни“ – објави АБА лигата.
The Dejan Milojević Trophy unveiled 🏆
The trophy itself does not resemble its namesake as for us it was important that the trophy only symbolizes Milojević’s remarkable career and that it has details on it that refer to some part of Milojević’s #ABALiga journey as well as to… pic.twitter.com/RWCob7JXoo
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) April 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА