Пред почетокот на новата сезона на АБА лигата, која според најавите никогаш не била посилна и повозбудлива, лидерите на регионалното натпреварување ќе одржат Собрание – овој пат во онлајн формат.
За разлика од претходните две сесии, кои беа обележани со тензии и бројни несогласувања, сега се очекува мирна атмосфера, со фокус на организацијата на натпреварувањето и потенцијалните промени во финалниот формат.
Како што објавува „Спорт Клуб“, најинтересна тема ќе биде идејата за завршување на сезоната, место со класичните плејоф натпревари, преку финален турнир според моделот „Ф4“ или „Ф8“. Таквиот систем би им користел на клубовите кои истовремено играат во Евролигата или Еврокупот, бидејќи значително би го намалил бројот на натпревари и би го олеснил распоредот.
Сепак, повеќето тимови кои се надеваат на место во плејофот не се подготвени да се откажат од серија против своите најсилни ривали. Затоа, пореално е финалниот турнир да се подготвува за следната сезона, додека сегашниот ќе се игра според договорениот формат.
За потсетување, АБА лигата ќе се игра во две групи со по девет екипи. Првите четири екипи од двете групи ќе бидат пласирани во ТОП 8, додека другите ќе ја продолжат борбата во таканаречената Б дивизија. Клубовите што ќе го освојат првото и второто место во Б дивизијата ќе имаат можност да стигнат до плејофот преку натпревари од плејофот против шестото и седмото место од А дивизијата.
Паралелно, АБА 2 лигата го менува форматот на натпреварувањето – ќе учествуваат 16 клуба, без поделба во групи. Секој тим ќе игра четири натпревари дома и на гости, по што ќе следат плејофот во три фази: четвртфинале, полуфинале и финале, сите врз основа на два освоени натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

