Големо изненадување се случи во рамките од 20. коло од АБА-лигата, откако шампионот Црвена Звезда изненадувачки загуби на гостувањето против Цибона со 85-81. Домашниот состав и оваа сезона се мачи со сериозни финансиски проблеми, но „цибоси“ покажаа извонреден карактер и го земаа скалпот на „црвено-белите“ од Белград, кои во пресрет на овој меч имаа само еден единствен пораз во регионалното натпреварување.
Дуелот беше максимално израмнет од самиот почеток, па до крај, а Цибона успеа да се одлепи и да поведе со шест поени на помалку од една минута до крајот на мечот. Црвена Звезда постигна пет поени во низа и опасно се приближи, но Недовиќ со неспретна реакција во одбраната направи неспортска лична грешка, по што хрватскиот состав ја задржа предноста до самиот крај, за огромна победа и радост на домашните кошаркари и навивачи.
Капуста со 24 и Радовчиќ со 17 поени беа најзаслужни за големиот триумф, додека кај Црвена Звезда најефикасни беа Видолза со 14 и Недовиќ со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

