Собранието на АБА лигата на денешната седница во Загреб не ја донесе толку очекуваната одлука за учество на арапскиот клуб во регионалното натпреварување од следната сезона. Конечната одлука е пролонгирана затоа што клубовите од АБА лигата побарале повеќе пари од понуденото.
Претставниците на КК Дубаи на денешното Собрание на АБА имаа опширна презентација во која детално претставија што се регионот би добил од финансиски аспект. Арапската понуда е 1,5 милиони евра колку би поделиле учесниците во натпреварувањето оваа сезона, што во конечен збир и не е некоја финансиска инјекција за клубовите. Затоа клубовите побарале од арапската страна да излезесо побогата понуда до следната недела. Право на глас за одлуката дали Дубаи ќе игра во АБА имаат Партизан, Црвена Звезда, Цедевита Олимпија, Будуќност, Задар, Цибона, Мега, ФМП, Крка, Игокеа и Морнар.
Исто така остана недефинирани и ставот околу форматот на натпреварувањето при влез на клубот од Блискиот Исток.
Тимот од Емирати исто така треба да добие позитивен одговор од Евролигата во вторник или среда, иако во сезоната 2024/25 најпрво би играле во Еврокупот како форма на интеграција во кошаркарската организација на Стариот континент. Евролигата би требало да добие од ОАЕ и 75 милиони евра за организација на три следни Ф4 турнири. По завршувањето на таа точка од дневниот ред, ќе се разговара и за добивање сопственички права за СЦ Дерби, Сплит и Борац од Чачак, за што ќе се бара едногласност на споменатите 11 клуба.
Поважно од тоа е прашањето дали следната сезона ќе гледаме 15 или 16 екипи, што повторно е поврзано со вклучувањето на Дубаи, па втората опција е пореална. Останува да се види дали ќе се слушне барањето на Партизан српските судии да не им делат правда за време на плеј-офот, за што им треба мнозинство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА