Новата сезона во АБА-лигата дефинитивно ќе стартува следниот викенд, беше одлучено на денешното Собрание на регионалното кошаркарско натпреварување.
Страстите меѓу Партизан и Црвена Звезда конечно се смирија, беа договорени сите детали околу органите за управување со лигата, по што беше донесена и едногласна одлука да нема ново одлагање, туку сезоната 2020/21 да стартува следниот викенд.
МЗТ Скопје не успеа ниту во „пет до дванаесет“ да влезе во елитното друштво, откако беше потврдено учеството на Приморска во АБА1, што значи дека „металците“ трета сезона по ред ќе бидат дел од втората регионална лига. Токму Приморска ќе биде дел од првиот овосезонски натпревар, на гостувањето против ФМП што ќе биде на програмата в петок.
Only 6 days now remain until the start of the 2020/21 #ABALiga season!
RT if you will be delighted to see basketball back in our arenas! pic.twitter.com/wDN0TxSE5E
— ABA Liga (@ABA_League) September 26, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА