Цедевита Олимпија го изненади лидерот Црвена Звезда триумфирајќи на дуелот одигран во Љубљана со 96-86, прекинувајќи ја одличната серија на „црвено-белите“ кои во претходните денови најпрвин го совлада Фенербахче сред Истанбул, а потоа во вечното дерби го декласираа и Партизан.
Новиот тренер Мартиќ дефинитивно го освежи словенечкиот првак, па Цедевита Олимпија одигра извонреден офанзивен меч, стигнувајќи до скалпот на најтрофејниот клуб во регионалното натпреварување. Словенците имаа двоцифрена предност по првото полувреме, Црвена ЗВезда се врати со 21-28 во третиот период, на три минути до крајот резултатот гласеше 84-80, но Цедевита Олимпија одигра најдобро кога беше најважно и стигна до заслужена победа.
Матковиќ со 23 поени беше најефикасен во победничкиот тим,а одлична игра покажа и Драгиќ (19 поени), кој поради конфликт со екс-тренерот Пјаниџани воопшто не беше со екипата во последните месеци. Недовиќ и Јаго дос Сантош беа најдобри поединци во таборот на Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА