АБА-лигата денеска објави видео-компилација од изборот на петте најатрактивни потези од завршниот турнир на ова натпреварување што се одржа минатиот месец во Скопје.
На топ-листата има двајца кошаркари на МЗТ Скопје, Војдан Стојановски го освои четвртото место со одличната соло-акција во финалето против Златибор, додека Американецот Дејвис се најде на првата позиција со атрактивното забивање во четвртфиналната пресметка со Сутјеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА