Аеодромци фатија учонок при врвот на табелата во АБА2 лигата откако избраниците на Кочов убедливо славеа над Ловќен со 55-96 со што ја забележаа шестата победа во првенството. „Сино-белите“ го покажаа сиот свој арсенал на денешниот меч, на кој блирираа во шутот за три поени (18/29), а одиграа и цврсто во одбраната каде го лимитираа црногорскиот состав на само 24 поени во своето најдобро оружје, играта под рекетот.
МЗТ Скопје одлично го отврои натпреварот. Добриот проток на топката носеше лесни поени за„сино-белите“, кои ги служеше и шутот за три, а на врвот на задачата беше и одбранта па македонскиот состав поведе со 11-24 по 10. минути игра. Ловќен ги консолидираше своите редови во продолжението од првото полувреме, а благодарение на скокот во напад успеа да ја намали предноста, но продолжи и добриот моментум на избраниците на Кочов кои откако го стабилизираа скокот дополнително ја зголемија и предноста која на полувремето изнесуваше 31-49.
Избраниците на Кочов не запреа ниту во второто полувреме на чие отварање клучна беше одбраната. „Сино-белите“ дозволија само седум поени за девет минути, а згора на тоа продолжи одличното шутерско шоу па МЗТ Скопје ги реши сите дилеми за победникот на овој меч по 30. минути игра (43-77). Во последната четвртина на момент опадна темпото во редовите на македонскиот претставник, тренерот Кочов ги одмараше силите за последниот натпревар на „балонот“ во Сараево, но и покрај тоа „сино-белите“ успеаја да ја зголемат предноста.
Предводник на МЗТ Скопје беше капитенот Дамјан Стојановски со 15 поени и 4 скока, додека по 13 поени и пет скока додадоа Бојан Крстевски и Хасани Гравет. Како двоцифрени со 12 поени и 5 скока, односно 11 поени, 4 скока и 4 блокови натпреварот го завршија и Иван Карачиќ и Андрија Бојиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА