Кошаркарите на Работнички денеска во Нови Сад му гостуваат на тимот на Војводина во рамките од второто коло од АБА2 лигата, дуел на кој македонскиот претставник важи за апсолутен аутсајдер.
„Црвено-белите“ на првиот меч од АБА2 настрадаа на домашен терен од Сутјеска, Војводина го доби дербито против Босна, а згора на тоа, Работнички во меѓувреме остана и без дел од странците, Персон и Сикираш го напуштија клубот, додека српскиот плејмејкер Јовичиќ поради повреда нема да настапи денеска во Нови Сад.
Тренерот Горан Самарџиев ќе има максимално лимитиран ростер за овој дуел, но сепак се надева на добро издание на својот тим.
„Играме против еден од најголемите фаворити за влез во АБА-лигата. Ќе мораме максимално да го испочитуваме договореното ако сакаме да имаме шанси против Војводина. И покрај проблемите што ги имаме ќе гледаме максимално да одиграме, да уживаме во овој натпревар“, изјави Самарџиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА