АБА2 станува селска лига, Џокер се откажа среде сезона

АБА2 лигата го допира дното и веќе дефинитивно не наликува на сериозно натпреварување, откако српскиот претставник Џокер во текот на вчерашниот ден испратил допис дека нема да биде дел од АБА2 во вториот дел од сезоната.

Она што е интересно, Џокер влезе во лигата буквално во „пет до дванаесет“ откако го зазеде местото на Вршац, српскиот тим го освои првото место во групата во која се наоѓаше и македонски Пелистер, за сега да реши дека повеќе не може да биде дел од ова натпреварување.

АБА2 преку сооштение го потврди ставот на клубот од Сомбор, а согласно пропозициите сите натпревари на Џокер од првата фаза ќе бидат регистрирани со 20-0 за противничките екипи. Согласно овие резултати, новиот изглед на табелата во групата Ц е Подгорица на првото место, Широки Бријег на втората позиција, Пелистер на третата и Џокер како последен во групата. Согласно овој ранкинг, Подгорица и Широки се тимовите кои го продолжуваат натпреварувањето во втората групна фаза од АБА2 лигата, каде осумте преостанати екипи се поделени во две групи.

Се вчитува...