Последниот АБА2 турнир за 2022 година ќе биде одигран од денеска до петок во Златибор каде македонските претставници ТФТ и Пелистер ќе целат на победи со цел испишување на историја, односно задржување при врвот на табелата.
„Црно-белите“ во шесттиот меч во регионалното првенство ќе ја бараат првата победа во мечот против Подгорица кој ќе биде одигран денеска од 21 часот, додека во ова коло во среда Пелистер силите ќе си ги одмери со Борац Бања Лука.
Во седмото коло избраниците на Смилковкси ќе се сретнат со Спарс во меч кој ќе биде одигран во четврток од 15 часот, додека битолчани ќе го затворат турниот во петок од 18 часот против Хелиос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА