Последниот „балон“ на АБА2 лигата кој ќе се одржи во Широки Бријег започнува и завршува со натпревар на македонски претставник и ќе го даде конечниот излгед на табелата во пресрет плеј-офот за влез во елитното регионално првенство.
Денеска во етерот е средбата помеѓу Пелистер и Борац Бања Лука од 15 часот и овој натпревар е од големо значење за битолчани кои со скор од четири победи и шест порази бараат пласман во горниот дел на табелата. Составот од Босна и Херцеговина е на седмата позиција со биланс 5-5 и е еден од директните ривал за исполнување на амбицијата за составот на Дарко Радуловиќ кој до крајот на „балонот“ го очекуваат и средби против Подгорица (четврток) и Спартак Суботица (сабота).
Единаесеттото коло носи и македонски дуел со средбата помеѓу ТФТ и МЗТ Скопје која е закажана за во вторник од 21 часот, а овој натппревар е далеку позначаен за аеродромци кои со седум победи и три порази се на делба на третата позиција на табелата. „Сино-белите“ покрај средбата со скопскиот ривал го очекуваат и дуели со Златибор (петок) и домаќинот Широки (недела).
ТФТ и покрај тоа што има математички шанси за пласман во следната фаза, реалноста за „црно-белите“ да се најдат во плеј-офот е минимална со оглед на тоа што четири тимови со по четири победи се борат за осмото место на табелата па дуелите со МЗТ Скопје, Војводина (вторник) и Шибенка (сабота) ќе бидат добра подготовка за завршницата на домашното првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА