Македонија ЃП во пролетниот дел од сезоната ќе биде без најдобриот свој напаѓач, Калид Абдул Басит.
24-годишниот фудбалер од Гана се раздели со „лавовите“ продолжувајќи ја кариерата во шампионот на Тунис, ФК Есперанс Тунис.
Реализацијата на трансферот е преку еден од најдобрите македонски менаџери Харис Факиќ, кој посредуваше околу новиот ангажман на еден од најдобрите напаѓачи изминатава полусезона во македонското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

