Абдула го засили Гостивар, Спиркоски ново име во Тиквеш

Денеска се реализираа многу трансфери меѓу македонските прволигаши. После ангажманот на Фати Исмаили во Воска Спорт и Марио Гасама во Тиквеш, Гостивар официјално објави дека ја засили одбраната со Џелил Абдула, додека Тиквеш реализираше уште едно име во своите редови – Благоја Спиркоски.

Абдула во Гостивар доаѓа од таборот на Шкупи, а во минатото беше дел од неколку екипи меѓу кои Шкендија и Ренова, а има и интернационална кариера играјќи за Де Графшап, Дуизбург и Лапи.

Спиркоски, пак, од Гостивар се сели во Тиквеш. Играчот од средниот ред настапуваше претходно во купи, Силекс, Пелистер, Македонија ЃП, Победа.

Се вчитува...