Абдурахими го постигна својот прв гол во дресот на Партизани

Поранешниот македонски репрезентативец Бесарт Абдурахими го постигна својот прв гол во дресот на албанскиот прволигаш Партизани, по трансферот во зимскиот преоден рок.

Партизани триумфираше со 0-3 на гостувањето против Лачи, а Абдурахими во 85. минута беше стрелец на вториот гол за гостите.

По овој триумф Партизани со 45 бода е на третата позиција, со три бода повеќе од четвртопласираниот Лачи во директната борба за излез на европската сцена.

Се вчитува...