Поранешниот македонски репрезентативец Бесарт Абдурахими, по добрата сезона во дресот на Пафос, е нов играч на тимот на Аполон Лимасол. 32-годишниот Абдурахими потпиша договор со Аполон до 2024 година, со поможност да биде продолжен до 2025 година.
Абдурахими ја почна кариерата во Загреб, а потоа играше и во Хапоел Тел Авив, Локерен, Астана, Шкендија, Черезо Осака, Браво, Рудеш и Пафос. За репрезентацијата на Македонија играше на 12 натпревари и постигна еден гол против Луксембург во победата од 3-2 на домашен терен.
Абдурахими во следните денови треба да ги мине медицинските прегледи и да биде промовиран во Аполон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА