Бесарт Абдурахими ќе биде уште еден македонски репрезентативец по Муарем Муарем и Горан Силјановски кој својата кариера ја продолжува во албанскиот шампионат. Абдурахими, кој неодамна заврши со Шкендија, се очекува да биде нов фудбалер на Партизани Тирана.
Според информациите кои доаѓаат од Албанија, Партизани Тирана и Абдурахими веќе постигнале договор околу идна заедничка соработка а наредниве денови се очекува и официјалната промоција. Неодамна за Партизани потпишаа и крилниот офанзивец на Ренова, Емран Рамадани како и дефанзивецот Егзон Белица.
Абдурахими изминатава полусезона одигра вкупно 17 натпревари за Шкендија, но не успеа да се наметне во стартниот состав на Ќатип Османи поради што следеше раскин на договорот. Претходно во својата кариера има настапи и за екипите на Загреб, белгиски Локерен, Хапоел Тел Авив од Израел како и јапонскиот Церезо Осака.
За неговите услуги беше заинтересиран и прволигашот од Чаир, екипата на Шкупи, но според нашите информации пресуди поповолната понуда од прволигашот од Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА