Абдурахими пред големото дерби: Шкендија на секој меч мора да победува!

По победата против Силекс на стартот од пролетниот дел од шампионатот, фудбалерите на Шкендија во максимално позитивна атмосфера го очекуваат дерби дуелот со Вардар утре од 14 часот на „Телеком арената“ во Скопје.

Амбициите на тетовци, без сомнение, се атак на шампионската титула, па во таа насока се повеќе од свесни дека на секој натпревар мора да се оди на победа.

Бесарт Абдурахими е огромно засилување за Шкендија на патот кон остварувањето на зацртаните цели. Абдурахими, пред големото дерби, потенцира дека и сега ќе се оди на триумф во Скопје…

„Шкендија е тим кој на секој натпревар мора да оди на победа. Така ќе биде и сега, без разлика што играме против Вардар. Пресреќен сум што дојдов во Шкендија, тим кој е на извонредно организациско ниво и со огромни амбиции. Ова е за нас значен меч во желбата да продолжиме со добрите игри по првиот триумф против Силекс. Но, сигурно овој натпревар нема да биде до крај одлучувачки околу конечниот изглед на табелата затоа што има уште многу да се игра“ – вели Абдурахими.

Шкендија е на четири бода од Вардар на втората позиција од табелата. Со триумф тетовци дефинитивно ќе ја направат трката за шампионската титула повеќе од интересна до крајот.

Се вчитува...