Абердин ја одби понудата на Еспањол, сега Болоња прва опција за Миовски

Шкотски Абердин ја одби понудата од Еспањол вредна 3,5 милиони евра за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, пренесува англискиот „Дејли Мејл“.

Според „Дејли Мејл“, Абердин не прифаќа сума помала од 7 милиони евра, поради што понудата од Еспањол била веднаш одбиена.

Токму поради тоа, сега како прва опција за Миовски се издвојува италијанската Болоња која исто така е заинтересирана за неговите услуги. Европските медиуми ги пренесуваа и Џирона и Торино, како клубови кои го посакуваат во своите редови македонскиот напаѓач.

Бојан Миовски пред две сезони од унгарска МТК Будимпешта го засили шкотскиот клуб и досега постигна 38 голови во сите конкуренции во дресот на Абердин.

Се вчитува...