Абердин ќе го замени Миовски со македонски репрезентативец?

Екипата на Абердин би можела да добие нов македонски репрезентативец во своите редови, по заминувањето на Бојан Миовски во Џирона. Шкотскиот тим добро заработи од македонскиот голгетер, и сега ќе го менува со нов.

Станува збор за Ердон Даци, фудбалерот кој е без клуб, откако неговиот доскорашен тим Деинзе од Белгија, прогласи банкрот, па сите фудбалери на оваа екипа се слободни агенти.

Даци беше дел од македонската репрезентација во баражите за СП во Катар против Италија и Португалија. Дебитираше за Македонија со гол против Ерменија на пријателскиот меч во Струмица. Следуваше тешка повреда поради која беше надвор од терените шест месеци, и тука го загуби статусот на репрезентативец.

Меѓутоа трансфер во Шкотска и добир настапи, би можеле да го вратат во националниот тим.

Се вчитува...