Еден од најдобрите македонски фудбалери во моментов Бојан Миовски се наоѓа во одлична форма во дресот на Абердин сезонава каде е трет стрелец во шкотската Премиер-лига.
Голем број клубови од најсилните лиги во Европа се заинтересирани за одличниот македонски напаѓач. Откако синоќа излезе информацијата дека Саутемптон сака да го види во своите редови, шкотските медиуми пренесуваат дека тој бил и на радарот на турскиот великан Бешикташ.
Имено тимот од Истанбул на Абердин му понудил 1.8 милиони евра за услугите на нашиот фудбалер и процент од следен трансфер. За шкотскиот премиерлигаш ова била премала и „смешна“ понуда која веднаш била одбиена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА