Јувентус и Рома одиграа без победник 1-1 во дербито на 3. коло во италијанската Серија А. Водство за домаќините од 1-0 донесе Душан Влаховиќ уште во 2. минута од натпреварот со прекрасен гол од слободен удар.
До крајот на првото полувреме домаќините стигнаа до водство од 2-0 со голот на Локатели, но по прегледување на ВАР тој беше поништен поради играње со рака. Во вториот дел гостите заиграа далеку подобро и успеаја да израмнат преку Тами Абрахам во 69. минута.
До крајот на мечот мируваа мрежите, па двата тима мораа да се задоволат со по бод.
Juventus [1] – 0 Roma – Dušan Vlahović 2’
byu/Golovking insoccer
Juventus 1 – [1] Roma – Tammy Abraham 69'
byu/alexinup insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

