Сопственикот на Челси, Роман Абрамович има многу причини за славје оваа сезона во која, воден од Антонио Конте, тимот од Лондон силно граби кон шампионската титула.
А, радоста од денешниот триумф на дербито против Арсенал, Абрамович ја подели со „старите момци“ на Челси кои ги обедини во ВИП ложата на „Стемфорд бриџ“.
Негови гости во Лондон беа Дидие Дрогба, Андреј Шевченко, Мајкл Есјен, Клод Макелеле, со кои ја сподели радост по големата победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА