Абрамович го купува клубот во кој настапува Адис Јаховиќ?

Рускиот милијардер Роман Абрамович мораше да го напушти Челси, но нема и фудбалот. Како што јавуваат турските медиуми, рускиот магнат почнал преговори за купување на Гезтепе.

Соработниците на Абрамович наводно имале првични разговори со сопственикот Мехмет Сепил, кој најави дека ќе го продава клубот. Медиумите засега не наведуваат за колку пари би можел Абрамович да го купи клубот.

Гезтепе е тим од Измир, а нема титула цели 72 години. Минатата сезона ја заврши на 10. позиција.

Таму во моментов настапува македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ, кој летоска повторно се врати во овој клуб во кој настапуваше од 2016 до 2018 година.

Се вчитува...