Абрамович и двајца преговарачи од Украина биле отруени? Очите им се црвени, кожата на лицата им се лупи

Роман Абрамович и двајца украински преговарачи покажуваат симптоми на труење по состанокот во Киев овој месец, објавува „Волстрит журнал“.

Според нив, Абрамович наводно бил отруен по состанокот на кој посредувал меѓу завојуваните страни.

Екс-сосптвеникот на Челси бил во друштво на уште двајца преговарачи, а неколку дена по состанокот почнале да пројавуваат чудни симптоми. Најпрвин им се појавило црвенило на очите, а потоа кожата на лицето и рацете почнала постојано да им се лупи.

Повеќе информации се очекуваат дееновиве, откако ќе завршат медицински испитувања.

Се вчитува...