Актуелниот англиски првак Челси има сезона за заборав, а критиките одат на адреса на менаџерот Антонио Конте, кој речиси сигурно ќе мора да си замине од „Стемфорд бриџ“ по завршувањето на сезоната. Сопственикот Роман Абрамович, како што наведуваат медиумите на Островот, веќе донел одлука дека ќе ангажира нов менаџер, иако засега тоа го држи во тајност.
Покрај ново име на клупата, рускиот тајкун посакува и нов напаѓач во тимот. Алваро Мората не ги исполни очекувањата, Оливие Жиру треба да биде бек-ап засилување, а Абрамович го „мерка“ Роберт Левандовски. Полскиот интернационалец одби да потпише нов договор со Баерн Минхен, па се очекува да побара трансфер во летниот преоден рок. За него постои сериозен интерес и од Реал Мадрид, но Абрамович се надева дека раководството на Челси ќе успее да го доведе во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА